MEDIA NEWS
Светската шаховска федерација за прв пат сертифицираше училиште од Македонија со златен амблем | Sloboden Pecat
ПСУ „Јахја Кемал” и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација(ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма.
Kомисијата за шах во образованието која, е дел од ФИДЕ, го сертифицираше Јахја Кемал со златен амблем по спроведеното оценување на десет критериуми и активности коишто овозможуваат успешно имплементирање на шахот како дел од образовната програма.
Златната награда е доделена на ПСУ „Јахја Кемал” поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на шаховските настани со медиумска покриеност како и промоција на социјална инклузија, финансирањето на шахот преку училишниот буџет.
Одлично се оценети и предложените подобрувања како проширувањето на наставната програма за да вклучи интердисциплинарни пристапи, проширување на шаховските клубови за различни возрасни групи и способности за пошироко учество.
Образовната комисија за шах при ФИДЕ годинава додели над 20 признанија согласно оценетите критериуми за златна, сребрена и бронзена награда. Златниот амблем ПСУ „Јахја Кемал” го доби во конкуренција на шаховски школи од целиот свет и е единствен добитник на оваа награда на ниво на Балкан. Највисокото признание го дели со уште 13 шаховски школи од земји во кои шахот е бренд и доживува најголема експанзија на светските првенства, како на пример Индија,
Кина, а во ова друштво се и школи од САД, Шпанија, Бразил и други. Ова престижно признание од Светската федерација за шах за прв пат е доделено на училиште во Македонија, инаку шахот како предмет во ПСУ Јахја Кемал е воведен во 2008 година.
News & Announcements
- Yahya Kemal Colege Students Represent North Macedonia at IEO 2026 26 July 2026
- Леонид Тодороски од „Јахја Кемал“ Струга освои бронзен медал на Светската математичка олимпијада во Кина | StrugaOnline 22 July 2026
- Бронза и три пофалници за Македонија на Меѓународната олимпијада по хемија во Ташкент | Umno.mk 18 July 2026
- Yahya Kemal College Achieves All Perfect Scores in the 2026 State Matura 07 July 2026
- From Yahya Kemal to the FIDE World Cup: Anton Zlatkov’s Chess Journey 01 July 2026
- Сребро, две бронзи и пофалница за македонските физичари | Umno.mk 30 June 2026
- Selim Cemal Yıldız Wins Pointer Open 2026 U16 Doubles Title 16 June 2026
- Një moment krenarie për Maqedoninë e Veriut | TV Koha - Tetovë 11 June 2026
